Достапни линкови

Иран ќе ја намали соработката со ИААЕ


Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани денеска предупредил дека Техеран може сериозно да ја намали соработката со Агенцијата на ОН за атомска енергија, откако тие донесоа резолуција со која се забранува работата на централата за збогатување на ураниумот. Во своето обраќање на парламентот, Лариџани изјавил дека ако притисокот од Запад продолжи, Иран може да го намали нивото на дијалог со Меѓународната агенција за атомска енергија, и притоа секое намалување на соработката ќе биде сериозно. ИААЕ усвои резолуција во петокот со која се бара да запре работата на нуклеарна централа во близина на Ком, и да се запре со збогатувањето на ураниум.
XS
SM
MD
LG