Достапни линкови

Иран ќе ја разгледува резолуцијата на ИААЕ


Иранскиот парламент денеска треба да расправа за најновите санкции од Меѓународната агенција за атомска енергија. Агенцијата во петокот усвои резолуција во која се бара Техеран веднаш да запре со работата на нуклеарната централа кај градот Ком и да запре со збогатување на ураниум. Вчера главниот делегат на Иран во Меѓународната агенција, Али Ашгар Солтани соопшти дека неговата земја ќе ја ограничи соработката со надзорното тело на ОН. Тој додаде дека земјата ќе продолжи со својата нуклеарна програма без разлика на реакциите од страна на Меѓународната агенција , на Советот за безбедност на ОН, или дури и со закана од воени напади против објектите.
XS
SM
MD
LG