Достапни линкови

Ахмети:добро е што преговорите не се прекинати


Лидерот на ДУИ , Али Ахмети, коментирајќи ја вчерашната средба на премиерите Никола Груевски и Јоргос Панадреу, денеска во Скопје изјави дека е значајно што средбите се одржуваат и што преговорите не се прекинати. Демократската Унија за интегарција ги охрабрува домашните политички фактори но и тие надвор од земјава што побрзо да изнајдат прифатливо решение за Македонија и за Грција, изјави Ахмети нагласувајки дека неговата партија сака да биде коректна и позитивна со цел отворениот спор со Грција за името да се затвори.

XS
SM
MD
LG