Достапни линкови

Комшиќ: БиХ е опасност за мир на Балканот


Косово не е опасност за мир на Балканот, тое е БиХ, а некои од челниците во Европската Унија сметаат дека Србија е одлучувачки фактор за стабилизацијата на регионот, изјавил претседателот на БиХ, Жељко Комшиќ. Тој на предавањето кое го одржал вчера вечерта во центарот „Европа “ при неговата посета на Словенија, рекол дека во БиХ не владее демократија , туку етнократија. Тој коментирајќи го Дејтонскиот устав, изјавил дека со него не е направена функционална држава, но сепак е прекината војната и затоа не може да им забележи на потписниците на договорот.
XS
SM
MD
LG