Достапни линкови

Прогрес нема - што сега?


Премиерите Папандреу и Груевски во Пили - Преспа, 27.11.2009

Премиерите Папандреу и Груевски во Пили - Преспа, 27.11.2009

По средбата на Груевки со Папандреу на која не е постигнат напредок но беше речено дека дијалогот мегу двете земји, како и со посредство на Обединетите нации ке продолжи, опозицијата во првичните реакции оценува дека е потребно премиерот Никола Груевски да соопшти за што конкретно е разговарано. Андреј Петров од СДСМ изјави дека во отсуство на конкретни информации на клучните политички фатори не може да дадат поконкретна анализа за тоа што претстои но додаде дека СДСМ го охрабрува премиерот и му дава шанса и подршка да го направи најдоброто решение за Македонија со цел земјата да оди напред во европските интеграции

„По она што Грчкиот премиер Јорго Папандреу го изјави тој постави временска рамка. Значи за нешто конкретно е разговарано“

Работите не се помрднаа, но…..

Од извештаите од средбата аналитичарите констираат дека проблемот останува и дека нашата држава и грчката политичка елита во овој момент не ги помрднаа работите напред но нагласуваат дека не ни може да се очекува дека работите ке се завршат за еден ден и во еден разговор, бидејки прашањето е навистина сложено.

Професорот Васил Тупурковски оценува дека е добро што започнаа вакви непосредни контакти иако предупредува дека е опасно да се стави во втор план преговарачкиот формат на Обединетите нации затоа што, како што вели, во овие услови на директна комуникација која е под покровителство на Европа, односно повеке под притисок на Европската Унија ние ке имаме поголеми проблеми да ги зачуваме нашите ставови. Очигледно е дека до 7 ми декември двете страни нема да постигнат решение, вели Тупурковски. Но од сето тоа што го слушаме од моментот кога на Македонија од Европската комисија и беше даден позитивен извештај и од препораката за преговори Тупурковски очекува дека ветото не е во игра овојпат зато што ЕУ ни додаде суштински услов а тоа е да постигнеме заемно прифатливо решение.
Зборот вето на 7 Декември нема да се спомене. Има голем интерес кај ЕУ за ширење кон Западен Балкан, а тоа треба да го имаме во предвид и како притисок и како можност да издржиме врз позиции кои се принципиелни..

„За тоа нема ни да се спомене зборот вето на 7 Декември. Има голем интерес кај Европската Унија за ширење и со земјите од Западен Балкан а тоа треба да го имаме во предвид и како притисок и како можност да издржиме врз позиции што се принципиелни“

Груевски по вчерашната средба со гркиот премиер Папандреу во местото Пили пак апелираше Атина добро да размисли за чекорите што ќе ги преземе во декември на Самитот на ЕУ на кој треба да се одлучува за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.

„Она што исто така го побарав од господин Папандреу е уште еднаш да размислат за она што треба да се слулчи во декември, односно за неставање на блокада врз Македонија за недобивање датум за почеток на преговорите“.

Според Груевски, со блокади и уцени проблемот нема да се реши, туку дополнително ќе се влошат односите меѓу двете земји.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG