Достапни линкови

logo-print

Иран не се плаши и не се откажува од нуклеарната програма


Членот на моќниот ирански совет на експерти Ахмед Катами изјави дека Иран нема да биде застрашен од закани и поткупувања за да се откаже од своето право на нуклеарна технологија. Оваа негова изјава доаѓа по резолуцијата на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија на Обединетите Нации со која од Техеран се бара стопирање на тајното збогатување на ураниум и веднаш замрзнување на проектот. Белата куќа пак соопшти дека трпението на Соединеите Држави и меѓународната зедница во врска со иранската нуклеарна програма е ограничено. Портпаролот изјави Роберт Гибс изјави дека доколку Иран одбие да ги исполни своите обврски ќе биде одговорен за сопствената растечката изолација и последиците од неа.
XS
SM
MD
LG