Достапни линкови

САД - трпението кон Иран е ограничено


Белата куќа соопшти дека трпението на Соединеите Држави и Меѓународната зедница во врска со иранската нуклеарна програма е ограничено. Портпаролот Роберт Гибс изјави дека доколку Иран одбие да ги исполни своите обврски ќе биде одговорен за сопствената растечката изолација и последиците од неа. Оваа негова изјава доаѓа по резолуцијата на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија на Обединетите Нации со која од Техеран се бара стопирање на тајното збогатување на ураниум и веднаш замрзнување на проектот. Тоа е прв пат по четири години бордот на Меѓународната Агенција за Атомска Анергија да одобри ваква резолуцијаза Иран. За Техеран таа е непотребен и избрзан чекор.
XS
SM
MD
LG