Достапни линкови

Железиничка несреќа во Русија - 39 загинати


Триесет и девет луѓе загинале, а десетици се повредени во железничка несреќа во Русија. Руските медиуми јавија дека возот сообраќал меѓу Москва и Санкт Петербург, кога неколку вагони излетале од шините. Не е јасно што ја предизвикало несреќата, но според официјални преставници на властите, не станува збор за терористички напад. Во експлозија на бомба на патнички воз на иста линија во 2007 година беа повредени 27 лица.
XS
SM
MD
LG