Достапни линкови

logo-print

Што по министерскиот состанок во Брисел?


Седиштето на ЕУ

Седиштето на ЕУ

До 7 декември ќе се слушнат повеќе варијанти околу можниот исход од состанокот на министерскиот совет. Аналитичарите не очекуваат меѓуетнички проблеми поради визната либерализација.

Во Македонија постои консензус за евроинтеграциите на меѓупартиско ниво како и висок процент на поддршка кај граѓаните. Оттаму и декемвриската одлука е доведена на ниво на прашањата или-или. По четиригодишното стагнирање во кандидатскиот статус, значаен исчекор очекуваат и европските дипломати и политичарите од внатре. Албанскиот фактор во и надвор од владејачката коалиција
Дури и ако набрзина се реши спорот, односно се прифати некаков компромис, тој би создал интра етнички конфликт, значи Македонци против Македонци, а дополнително кон останатите и јас се плашам дека тоа е лоша варијанта.
притиска за решение на прашањето за името за да се добие датумот за преговори. Опозицијата освен што ја понуди својата поддршка до власта да го реши прашањето за името, засега решава да остане воздржана околу своите очекувања и реакции коишто се очекувани доколку 7 декември за Македонија осамне многу многу подоцна.

Премиерите Груевски и Папандреу
Веројатно до 7 декември ќе се слушнат повеќе варијанти околу можниот исход од состанокот на министерскиот совет. Домашната политичка сцена до тогаш веројатно ќе биде ограничена на неколкуте пробни балони и позитивен пристап околу разрешувањето на клучното прашање – спорот за името. Натамошното нивно однесување ќе зависи од варијантата на одлуката што ќе ја донесат европските министри, велат експертите. Ќе имаат ли разбирање за сложеноста на прашањето и за задржувањето на разумот или ќе се обидат да ја свртат ситуацијата во свој интерес, ќе може да се знае дури во периодот откако состанокот на министрите во Брисел ќе заврши.

Аналитичарот Албер Муслиу ги анализира двете можни варијанти, доколку добивањето датум за преговори се вети во наредните неколку месеци а за тоа време се работи на доаѓање до решение за името тогаш турбуленвции очекува на релација власт – опозиција, но не и на меѓуетничко ниво пред се поради визната либерализација. Но, вакви тензии се извесни според него доколку добиеме јасно вето од грчка страна а датумот за отпочнување преговори не би бил воопшто дефиниран за догледно време.

,,Сигурен сум дека би имало реакција и од одредени граѓани Македонци и би се ставиле во прашање евро интегративните процеси и придобивките од евро интегративните процеси, версус преговорите за името, идентитетот итн. Тоа би предизвикало и кај албанскиот политички блок и кај албанските граѓани зголемување на тензиите и јас сум прилично сигурен дека и прашањето на политичкото дејствување на албанските политички партии би се ставило под знак прашање. При балкански менталитет на политички дејствување би можело да донесе, не само до зголемување на тензиите, туку и евентуален инцидент,“
Владината коалиција има силно мнозинство. Таа може да се чувствува комфортно и не очекувам претерани раздвижувања и тензии во владината коалиција. Може да има протести од ДУИ, мали тензии, но ништо драматично


вели Муслиу.

Можностите да се случи политичка дестабилизација во земјава Професорката Билјана Ванковска ги разгледува според динамиката со која ќе се решава прашањето за името. Таа се надева дека ниту албанскиот фактор ниту опозицијата нема да се решат на такви чекори зошто како што вели со тоа Македонија би покажала дека не ниту зрела за влез во Унијата и со тоа работите веројатно би ги вратиле неколку чекори наназад. Во согласност со ова би бил и притисокот од меѓунарониот фактор кој не би дозволил ваков вид нестабилност да добие посериозни димензии. Она што според неа е поопасен правец на развој на настаните на домашната политичка сцена е некакво избрзано доаѓање до решение да доведе до интраетнички конфликт.

Шефот на шведската дипломатија Карл Билт
,,Дури и ако набрзина се реши спорот, односно се прифати некаков компромис, тој би создал интра етнички конфликт, значи Македонци против Македонци, а дополнително кон останатите и јас се плашам дека тоа е лоша варијанта."

Аналитичарот Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики пак смета дека по 7 декември е најважно Македонија да ја задржи присебноста и да остане доскледна на реформите, без разочарувања и обесхрабрувања кои би довеле до нејзино повлекување од европскиот пат. Никакви драматични пресврти ниту превирања на домашната политичка и партиска сцена не очекува освен евентуално извесни како што вели мали тензии.
Владеачката партија, јас мислам дека прво ќе се потруди да ги консолидира своите редови. Затоа што бројките покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ има апсолутна поддршка за останување на власта. Но, ако не ги консолидираат своите редови и со зголеменото незадоволство би можело да дојде до процеп и кај нив, што би значело не само предвремени избори туку и евентуална промена на структурата на власта.


,,Владината коалиција има силно мнозинство. Таа може да се чувствува комфортно и не очекувам претерани раздвижувања и тензии во владината коалиција. Може да има протести од ДУИ, мали тензии, но ништо драматично."

Одложувањето на евроинтегративните процеси пак за аналитичарот Алберт Муслиу нема да може да ја одминат најголемата партија во власта и тоа неминовно би довело до потреба од консолидација на нејзините редови.

,,Владеачката партија, јас мислам дека прво ќе се потруди да ги консолидира своите редови. Затоа што бројките покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ има апсолутна поддршка за останување на власта. Но, ако не ги консолидираат своите редови и со зголеменото незадоволство би можело да дојде до процеп и кај нив, што би значело не само предвремени избори туку и евентуална промена на структурата на власта. Така што, мислам дека на ВМРО ДПМНЕ му престои зголемена активност како внатре во нејзините редови, така и во однос на опозицијата."
Хозе Мануел Баросо

Опозицијата според Муслиу нема да ја пропушти шансата да ја рзгледува сосотојбата во своја корист па дури и во целата ситуација да согледа можност за доаѓање на власт. Дали ваквиот развој на настаните би довел до нови избори, формирање техничка влада, нови комбинаторики кои би се движеле во насока на меѓународниот притисок да се согласиме на компромис за името, според Муслиу е рано да се прогнозира.

Балканскиот јазол ќе остане балкански јазол без оглед на напредувањето кон Европкста Унија, вели прфесорката Билјана Ванковска. Евентуалното интегрирање на балканските држави во пакет во европското семејство би ги амортизирал нелојалните конкуренции. За сега за Македонија остануваат отворените прашања коишто поради спорот за името ја ставаат Македонија во уште почувствителна положба. Српко-грчкото пријателство неодамна доби потвдра во поддршката на српскиот министер за надворешни работи на грчката позиција во спорот за името.А потоа и српскиот претседател изјави дека Србија нема да ја признае демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово. Приближувањето кон Европската Унија значи поголема стабилност на земјата и во поглед на опкружувањето, вели професорот Владимир Пивоваров, исто ккао што и одложувањето на тој процес би значел опасност да бидеме исправени пред евентуално новопоставени услови.

,,Доколку не влеземе во ЕУ и НАТО тоа ќе биде лоша порака и за регионот, затоа што секогаш ќе се поставуваат нови услови и бенчмаркови, не само за Македонија, туку и за земјите од регионот кои имаат аспирација влез во ЕУ. И прашањето за влез во ЕУ и дава многу постабилна позиција на секоја земја која ќе го изоди тој пат и ќе биде примена. Така што таа веќе е во ситуација на соседната земја да и поставува нови услови. Ако сите наши соседи пред нас влезат во ЕУ, сите кон нас ќе испорачаат сметка за прашања кои се битни само за нив."

Социјалната состојба и погодува на опасноста од внатрешна дестабилизација, додава Пивоваров. Над 90 проценти од Македонските граѓани на анкетите гласаат за европската и евроатлантската перспектива на земјата. Надежите пред се се полагаат на совладување на долготрајната исцрпувачка сиромаштија и високиот процент на невработеноста. Од приближувањето кон Европската унија се очекува поголем пристап до претпристапните фондови, но и да претставува гаранција за евентуалните странски инветитори, вели професорот Мирољуб Шукаров. Економските проблеми нема да се решат по автоматизам ниту со напредувањето кон заедницата , додава Шукаров, но доколиу се одложи добивањето датум за преговори барем на извено време ќе доминира песимизам во економијата.

,,Тоа значи едно големо разочарување и извесно време, малку тие односи за кои говорев дека ќе се унапредат ќе тргнат назад. Значи, песимизмот ќе надвладее во кус временски период, потоа работите ќе се стабилизираат и ќе тргнат понатаму да се придвижуваат како што одевме и до сега."

вели Шукаров.
XS
SM
MD
LG