Достапни линкови

logo-print

Соработка за животната средина меѓу Македонија, Албанија и Грција


Премиерите на Грција, Македонија и Албанија Јоргос Папандреу, Никола Груевски и Сали Бериша на денешната средба за климатските промени во местото Пили на грчкиот дел од Преспа, донесоа Декларација со која се залагаат за натамошно унапредување на соработката меѓу трите земји во областа на животната средина.
Како што јави известувачот на МИА, во документот шефовите на трите држави искажуваат согласност за потпишување договор за заштита и одржлив развој на Преспа паркот на 2 февруари 2010 година, со што ја потврдуваат нивната заедничка одговорност за заштита на еко-системот во областа, како катализатор за неговиот просперитет.
- Веруваме дека нашата заедничка активност претставува единствен пример со оглед дека Преспа паркот претставува прво прекугранично подрачје што е заштитено во Југоисточна Европа и ќе придонесе кон зголемување на свесноста за значењето на координираните политики за еколошките прашања во регионот и надвор од него, стои во заедничката Декларација на тројцата премиери, која како што се наведува, е поддршка на претстојната Глобална конференција за климатски промени во Копенхаген
XS
SM
MD
LG