Достапни линкови

logo-print

Ходорковски исто како Мадоф и Ал Капоне, изјави Путин


Рускиот премиер Владимир Путин денеска во Франција изјави дека случајот со тајкунот Михаел Ходорковски, кој е во затвор, е сличен со американскиот малверзант Берни Мадоф и со гангстерот Ал Капоне. Ходорковски е на отслужување затворска казна од 8 години за затајување данок, а против него се води и нов процес во Москва за финансиски криминал за кој може да добие уште 20 години затвор. Според опозицијата, причина е тоа што Ходорковски бил против власта во Кремљ. Путин изјави дека Мадоф е осуден на доживотен затвор и никој немал забелешки.
XS
SM
MD
LG