Достапни линкови

logo-print

Чехот Штефан Филе, европски комесар за проширување


Сегашниот чешки министер за европски прашања Штефан Филе е наименуван за нов европски комесар за проширување, соопшти денеска во Брисел претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо. 47 годишниот Штефан Филе пред да влезе во привремената влада на премиерот Јан Фишер беше чешки амбасадор во НАТО. Агенциите јавуваат дека наименувањето на Филе би можело да биде проблематично при гласањето во Европскиот парламент во јануари идната година, со оглед на неговото комунистичко минато.
XS
SM
MD
LG