Достапни линкови

Иран ги отфрла критиките на Норвешка


Иранското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Норвешка нема право да го критикува Техеран за одземање на Нобеловата награда на активистката за човекови права Ширин Ебади. Таа вчера соопшти дека властите пред три недели и ги зеле Нобеловиот златен медал и дипломата од еден сеф, бидејќи таа не исплатила данок за паричниот износ од Нобеловата награда. Норвешка соопшти дека ова е за прв пат во 108 годишната историја на наградата да се конфискува нобеловиот златен медал.
XS
SM
MD
LG