Достапни линкови

МААЕ го осуди Иран за неговата нуклеарна програма


Меѓународната агенција за атомска енергија усвои резолуција со која се осудува Иран затоа што гради тајна постројка за збогатување ураниум. Агенцијата бара од Техеран веднаш да го стопира проектот. Дипломати во Виена наведуваат дека од 35 членки на Меѓународната агенција, 25 гласале за резолуцијата, шест не биле присутни, а три, Венецуела, Малезија и Куба биле против. Иранскиот амбасадор Али Азгар Солтанија резолуцијата ја оцени како избрзан и непотребен чекор.
XS
SM
MD
LG