Достапни линкови

На средбата Груевски – Папандреу, без прогрес


Нема напредок во надминувањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјави по средбата со Папандреу, македонскиот премиер Груевски.

Не е постигнат прогрес за спорот со името на денешната средба меѓу премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Преспа, изјави Груевски по состанокот со Папандреу. Груевски изрази задоволство од зачестените контакти меѓу Македонија и Грција на високо ниво во последно време, но нагласи дека нема прогрес, бидејки премиерот Папандреу повторил дека Грција останува на својата црвена линија. Груевски апелирал до грчката страна да не става вето на приклучувањето на Македонија во евро-атланските интеграции, истакнувајки дека со закани и притисоци спорот за името не може да биде решен. Тој најави дека сепак дијалогот меѓу двете земји, како и со посредство на Обединетите Нации, ќе продолжи. Искуството од Букурешт дополнително ги влоши односите и не оддалечи уште повеќе, а во овој период имавме поодалечени позиции отколку пред Букурешт, изјави Груевски.

Не помогнаа апелите од меѓународните субјекти

Денешната средба како и иницијалната на 29
Се додека не видиме дома дека се прават сериозни подготовки за тоа и се додека не видиме дека власта ја сфатила потребата од ревизија на својата домашна и надворешна политика особено по ова чувствително прашање не можеме да очекуваме пробив.
октомври меѓу Груевски и Папандреу ја поздравија во денешен Дневник Еврокомесарот за проширување Оли Рен и преставникот за надворешна и безбедносна политика на Унијата Хавиер Солана. Ве повикуваме да го решите прашањето за името ако шансата не се искористи не можеме да бидеме сигурни кога и како пристапниот процес на вашата зедмјха ќе се врати назад на егендата. Синоќа ненадејно во Скопје пристигна минситерот за надворешни работи на земјата претседавач со Унијата-Шведска Карл Билт. Разговаравме за изгледите за евроинтеграција на целиот регион, изјави Билт утринава за А1 пред заминувањето од Скопје. Не очекува вето за Македонија на состанокот на министрите во декември. Билт сретна со Премиерот Груевски и со министерот за надворешни работи Милошоски. Во соопштението по средбата се вели дека се зборувало за реформите како и за прашањето за името при што соговорниците изразиле надеж за негово решавање. Професорот и поранешен министер за надворешни работи, Денко Малески процени дека средбата ќе биде не повеќе од едно пружање рака и поттик за разрешување на проблемот

„Се додека не видиме дома дека се прават сериозни подготовки за тоа и се додека не видиме дека власта ја сфатила потребата од ревизија на својата домашна и надворешна политика особено по ова чувствително прашање не можеме да очекуваме пробив.“

Грчкиот претседатл Папуљас пред два дена порача Скопје скапо ќе го чини Македонизмот и повтори дека без решение за името вратите на НАТО и на ЕУ за Македонија ќе останат затворени. Грција ја прекрши времената спогодба попречувајќи ги македонксите евроинтеграции но македонската страна не раговараше согласно спогодбата бона фиде туку сакаше да го избегне прашањето коешто не може да се избегне, сега е време македонската маса во преговорите да се пополни со суштински преговори и со наши идеи во насока на постигнување компромис, додава Малески.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG