Достапни линкови

Општините споро напредуваат во фискалната децентрализација. Тие повикуваат на зголемување на средствата наменети на нив од даноците и на можност самите да утврдуваат дел од даноците.

Општините кои се во втора фаза на фискалната децентрализација неможат да напредуваат, бидејќи сеуште има општини кои заостануваат поради нивните долгови и блокирани сметки. Фискалната децентрализација претставува пренесување на ресурсите од
Ние правиме напори ДДВ-то да го покачиме на шест отсто да ја ублажиме состојбата во општините, затоа што со трите отсто никако. Ние имаме и предлог до владата направено, ДДВ-то треба да оди од три на шесто отсто, персоналниот данок од три на 30.
централно на локално ниво, односно менаџирање со платите на вработените во образованието, социјалата и културата, Од осумдесет и пет општини низ земјава, осумнаесет сеуште се наоѓаат во првата фаза. Кај нас сеуште оди споро спроведувањето на фискалната децентрализација, особено во руралните општини како што е Арачиново вели градоначалникот на оваа општина Бастри Бајрами. Без неа ниту една општина нема перспектива, па затоа е потребно тие да ги расчистат своите долгови, преку зголемување на ДДВ и персоналниот данок вели тој.

„Ние правиме напори ДДВ-то да го покачиме на шест отсто да ја ублажиме состојбата во општините, затоа што со трите отсто никако. Ние имаме и предлог до владата направено, ДДВ-то треба да оди од три на шесто отсто, персоналниот данок од три на 30.“

Фазата на децентрализација мора да оди до крај. Тоа ќе се постигне доколку општините сами одлучуваат колкави ќе бидат даноците вели градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски.

„Општините мора да имаат свои даноци, во смисла на тоа државата да го пропишува минимумот и максимумот, а таа да одлучува колкави даноци ќе има. Значи, ако данокот на добивка биде општински, на пример, општина Центар може да има 10 насто, ама општина Карпош или друга може да стави еден отсто и така ќе има развој.“
Општините мора да имаат свои даноци, во смисла на тоа државата да го пропишува минимумот и максимумот, а таа да одлучува колкави даноци ќе има


Ние кои сме влезени во втората фаза ги чекаме оние општини кои не ги исполнуваат зададените услови. Тие најчесто имаат проблеми поради наследените долгови вели и градоначалникот на Битола Владимир Талевски. Треба да се пронајде решение како процесот побрзо да се заврши за граѓаните да ги осетат придобивките вели тој.

„Тука е битно и да се направи организација на самата администрација. Дел од нив сеуште немаат можност да се екипираат како што би требало. И во таа смисла екипираните сега вртат во место чекајќи ги останатите да се приближат, изедначат итн.“

Процесот на фискална децентрализација започна да се спроведува на 1 јули 2005 година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG