Достапни линкови

Дубаи во огромни долгови


Огромните долгови на Дубаи ги зголемија страхувањата од обновување на глобалната финансиска криза. Вчера, државната компанија Дубаи Ворлд, која има долг од околу 60 милијарди долари, побара од кредиторите одлагање на исплатата до Мај, наредната година. Денеска азијските и европските берзи бележат пад, а падна и цената на нафтата. Дубаи е еден од 7-те градови држави, кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати, кои имаа амбиции да станат најголем светски трговски и туристички центар.
XS
SM
MD
LG