Достапни линкови

Билд во Скопје се сретна со Груевски и Милошоски


Министерот за надворешни работи на Шведска и претседавач на Советот на министри на Европската унија Карл Билд доцна синоќа, на враќање од своето патување во Турција, престојуваше во неформална посета на Македонија. За време на престојот Билд имаше заедничка неформална средба и вечера со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Во соопштението од владата се вели дека на средбата било разговарано за евроинтегративните процеси, при што Билд изразил задоволство и и честитал на Република Македонија за досегашните успеси во спроведувањето на реформите и модернизацијата на општеството, како и за позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. „Стана збор и за идните перспективи на Република Македонија и продолжување на реформските процеси во државата, како и за прашањето за името наметнато од страна на Грција, при што соговорниците изразија надеж за негово решавање“, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG