Достапни линкови

Наскоро договор САД- Русија за контрола на оружјето


САД објавија дека до крајот на годината треба да се постигне новиот договор со Русија за контрола на нуклеарното оружје, кој би го заменил стариот од времето на студената војна. Потпаролот на Стејт департментот Ијан Кели изјави дека и претседателите на двете земји Обама и Медведев се залагаат тој да се комплетира. Тие во јули на самитот во Москва веќе се договорија дека секој може да поседува од 1500 до 1675 нуклеарни боеви глави по рокот од седум години.
XS
SM
MD
LG