Достапни линкови

logo-print

Палестина:Предлогот на Нетенјаху е „пропаганда“


Палестинците денеска го отфрлиле израелскиот предлог за 10 месечно замрзнување на изградбата на еврејските населби на Западниот Брег. Палестинскиот преговарач Сааб Ерекат изјавил дека предлогот на израеслиот премиер Бенјамин Нетенјаху е пропаганда и порачал САД да не наседнуваат на тоа. Тој преку писмено соопштение порачал Соединетите држави и останатата меѓународна јавност да побараат од Израел целосно да прекине со изградбата на населбите, а не како што претходно најави, тоа да се случи само во еден дел на палестинската територија. И Палестинскиот претседател Махмуд Абас го отфрли предлогот на Израел.
XS
SM
MD
LG