Достапни линкови

Средба Груевски-Папандреу


Груевски и Папандреу на неодамнешната средба во Брисел
Груевски и Папандреу на неодамнешната средба во Брисел

Ниту експертите, ниту политичарите не очекуваат дека средбата меѓу Груевски и Папандреу ќе донесе решение на спорот за името. Експертите потенцираат дека голем успех ќе биде доколку премиерите отворено се договорат дека сакаат да го решат проблемот.

Ниту политичката ниту стручната јавност не очекува на средбата на премиерите на Македонија и Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу да најдат решение за долгогодишниот спор за името. Премиерот Груевски неодамна изјави дека очекува средбата со неговиот грчки колега ќе донесе подобрување на односите меѓу Македонија и Грција.
Немам очекувања дека на таа средба ќе ги решиме напластените проблеми, нерешени 18 години, но очекувам дека таа средба ќе даде позитивен импулс во нашите односи


,,Немам очекувања дека на таа средба ќе ги решиме напластените проблеми, нерешени 18 години, но очекувам дека таа средба ќе даде позитивен импулс во нашите односи."

Груевски смета дека во Македонија со сила се загрева атмосферата и очекувањата од таа средба. Потпретседателот на СДСМ, Андреј Петров смета дека сега е време кога владеачката партија треба да се задлабочи во суштинско преговарање и да најде сила и храброст да го реши спорот.

,,Досега волја за директни и за суштински разговори не постоеше, се надеваме дека целокупната власт и целокупната одговорност е во рацете на премиерот Груевски и на Владата дека тие ќе бидат свесни за историската шанса и историската одговорност која ја имаат."

Македонските аналитичари од средбата не очекуваат решение. Во изјава за Радио Слободна Европа аналитичарот Никола Сталесвки оцени дека голем дипломатски успех ќе биде ако на средбата премиерите отворено се договорат дека сакаат да го решат овој проблем.
Може да очекуваме некаков рамковен, не договор, но рамка за понатамошна дискусија, значи да се изрази некоја отвореност и подготвеност за тоа да се реши, заеднички


,,Може да очекуваме некаков рамковен, не договор, но рамка за понатамошна дискусија, значи да се изрази некоја отвореност и подготвеност за тоа да се реши, заеднички."

Доколку се случи таков напредок ќе може да се препознае во дипломатскиот речник по средбата вели Сталевски.

,,Значи доколку слушнеме нешто како ,,нашите грчки пријатели" или слична формулација знаеме дека се движиме во добар правец."

Грчкиот претседател Карлос Папуљас во пресрет на средбата се заканил дека дека вратите на НАТО и ЕУ ќе останат затворени за Македонија, се додека не се реши спорот за името. Од кабинетот на премиерот најавија средба на Груевски со Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо на 2-ри декември. Пет дена подоцна, Европскиот совет на министри ќе решава дали Македонија ќе добие датум за преговори.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG