Достапни линкови

Руски затворски слижбеник виновен за смртта на клучен сведок


Еден висок руски затворски службеник денеска официјално признал дека тој е делумно виновен за смртта на адвокатот, кој беше клучен сведок во случајот со инвестицискиот фонд, затоа што не му било дозволено медицински третман во затворот. Адвокатот Сергеј Магнитски, почина минатата недела во затвор од срцев удар. Шефот на Федералната затворска служба, Алексанадар Смирнов изјавил дека случајот му нанел црна дамка на целиот судски систем. Признавањето на вината доаѓа откако рускиот претседател Дмитриј Медведев нареди истрага за смртта на адвокатот.
XS
SM
MD
LG