Достапни линкови

Расмусен во посета на Црна Гора и БиХ


Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, денеска во Црна Гора разговара со тамошните власти за можностите на земјата во декември да и биде одобрен акционен план за членство во Алијанста. Утре, Расмусен ќе го посети Сарево каде со властите и со политичките лидери ќе зборува за јакнење на соработката меѓу НАТО и БиХ. Според најавите од Брисел, генералниот секретар и политичките претставници ќе разговараат за настојувањето на меѓународната заедница да се постигне политички договор за реформи во земјата. Црна Гора и БиХ побараа Алијансата да им дозволи да се стекнат со сатус на земја кандидат за членка , за што ќе одлучуваат министрите на НАТО, на состанок кој ќе се одржи идната недела во Брисел
XS
SM
MD
LG