Достапни линкови

logo-print

ИААЕ разочарана од Иран


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеј, денеска изјавил дека Иран не соработува во истрагата за неговата нуклеарна програма. Ел Барадеј изјавил и дека е разочаран од тоа што не успеале да се договорат со Иран за предлогот- уранум од Техеран да се дозбогатува во странство, со што би се намалиле сомнежите на Западот дека Иран се обидува да направи нуклеарно оружје. Денеска во седиштето на агенцијата во Виена започна дводневен состанок посветен на нуклеарната програма на Иран. На состанокот ќе се гласа за резулуцијата за осуда на Иран. Резолуцијата е подржана од шест светски сили САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија
XS
SM
MD
LG