Достапни линкови

Средба на балкански градоначалници во Солун


Во Солун денеска ќе се одржи десеттата средба на Мрежата на градоначалници од балканските градови БАЛСИНЕТ. Главни теми на собирот ќе бидат проблемите предизвикани од економската рецесија, развојот на информатичките технологии и борбата против криминалот и наркоманијата. На средбата ќе учествуваат градоначалници од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија и Србија.
XS
SM
MD
LG