Достапни линкови

logo-print

Анти корупција или политички театар


Протести од организацијата Правда пред министерството за внатрешни во Москва

Протести од организацијата Правда пред министерството за внатрешни во Москва

Рускиот претседател Дмитриј Медведев вели дека борбата против корупцијата е централен дел на неговото претседателствување. Но, многу Руси не веруваат дека тој многу ќе направи бидејќи корупцијата е клучна врска меѓу бизнисот и политиката.

Како што јавува Грегориј Фајфер од Москва, секој возач во главниот град на Русија, велат, си знае што го чека ако е запрен од страна на сообраќајната полиција. Или ќе плати голема парична казна - или ке му ја одземат дозволата или во вистинскиот момент ќе бутне во рака околу 20 долари. Владимир Малцев вели дека тоа се случува скоро секој ден.

"Како возач, јас се справувам со сообраќајната полиција постојано. Тие се сите корумпирани. Апсолутно секој прима поткуп."

Но, тој вели дека тоа е безначајно во споредба со други видови корупција со кои се соочуваат, на пример, компаниите. Даночната полиција ,вели Малцев, неодамна ја блокираше банкарска сметка на неговата компанија, тврдејќи дека не успеала да поднесе документ од витално значење. Кога Малцев го покажал документот, со марка и печат дека навистина е поднесен на време, тој бил принуден да чека.

" Го чуваат, па се враќа за три недели, додека не дојде некој да ми предложи дека треба да платам мито. Потоа, сè е во ред."

Малтсев вели дека таквата рутинска корупција ги парализира компаниите кои прават се за да ги деблокираат нивните банкариски сметки. Митото, е велат, институција во Русија: студентите им плаќаат на наставниците за подобри оценки, пациентите плаќаат за здравствена заштита иако наводно се ослободни од страна на државата, семејствата плакаат за нивните синови да не служат војска.

Анти корупциската кампања – политички театар
Подршка до Медведев за демократизација и борба против корупцијата во Русија

Во една анкета направена неодамна, 60 проценти од Русите рекоа дека учествувале во коруптивни дејности. Претседателот Дмитриј Медведев изјави дека корупцијата е толку голема што е закана за стабилноста на Русија. Медведев вети голема борба против корупција кога ја презеде функцијата минатата година. Бизнисменот Малцев верува дека станува збор за обликување еден прозорец преку кој реалноста ке изгледа подобро. Тоа го ветуваше и Владимир Путин и ништо. Според Транспаренси Интернешенел, Русија е една од најкорумпираните земји во светот. Таа е на 146 тото од 180 места на индексот на перцепција на корупцијата. За многумина проблемот со корпцијата е системски и само така може да биде решен.

"Тоа е како масло во моторот на автомобилот. Системот не може да функционира без неа. Таа го преферира тој вид на односи и прави се институциите да се не ефективни."

вели Лев Гудков за кого тековната антикорупциската кампања на претседателот Медведев е политички театар.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG