Достапни линкови

Израел делумно ке ја запре градбата на евресјките населби


Израел денеска објави дека ја стопира изградбата на населби на Западниот Брег за 10 месеци. Премиерот Бенјамин Нетанѕаху ова го нарече голем чекор кон мирот. Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел го поздрави овој потег кој ги исклучува области на Западниот брег, меѓу кои Ерусалим. Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Абу Рдаинах изјави дека продолжување на преговорите не е можно без целосно запирање на градбатата на израелските населби.
XS
SM
MD
LG