Достапни линкови

Европарламентот ќе гласа за проширување на ЕУ


Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуцијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд. „Советот на ЕУ на Самитот на 7 декември да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија“, се бара меѓу другото во Предлог-резолуцијата. Во документот подготвен од претседателот на Комитетот за надворешни прашања на ЕП, италијанскиот европратеник Габриеле Албертини, почетокот на преговорите не се условува со претходно решавање на спорот за името, но се охрабруваат Македонија и Грција да ги интензивираат напорите за да го решат проблемот, бидејќи како што се посочува, можно е изнаоѓање заемно прифатливо решение. Во резолуцијата се наведува дека „добрососедските односи се од особено значење и Владата на ПЈРМ треба да избегнува какви било акции и изјави кои негативно можат да влијаат на односите со соседот“.
XS
SM
MD
LG