Достапни линкови

Расмусен во Црна Гора


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска ќе престојува во посета на Црна Гора, а утре ќе отпатува за Босна и Херцеговина. Тој вчера изјави дека наредната недела ќе одлучи дали ќе им го додели на овие две земји акциониот план за членство во Алијансата. Расмусен рече дека одлуката ќе биде објавена на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките, што ќе се одржи наредната недела во Брисел.
XS
SM
MD
LG