Достапни линкови

Расмусен:аспирантите за членство во НАТО имаат уште работа


Генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен изјавил денеска дека НАТО наредната недела ќе одлучи за планот за членство на БиХ, што е голем чекор кон приклучувањето во Алијанстата, во која сега членуваат 28 земји. Одлуката ќе биде донесена на дводневниот состанок на министите за надворешни работи кој наредната недела ќе се одржува во Белорусија. Членство во НАТО и во Европската унија им се нудеше на земјите од Балканот во замена за реформи, но да се приклучат во НАТО, земјите-аспиранти мора целосно да ги завршат политичките, демократските и воените реформи, како и да имаат добри односи со своите соседи, изјавил Расмусен. Од Балканските земји, само Албанија и Хрватска станаа членки на НАТО во април.

XS
SM
MD
LG