Достапни линкови

Русија сака поблиска соработка со САД и НАТО за Авганистан


Русија ги повика денеска Соединетите држави и НАТО подобро да ја информираат за нивните планови за војната во Авганистан. Претставникот на Русија во НАТО, Дмитриј Рогозин изјавил дека Русија има направено многу за успехот на војниците на НАТО во таа земја. Рогозин изјавил дека се надева дека наредната година ќе има поголема соработка меѓу Русија, САД и НАТО. Тој изјавил дека Русија е подготвена да даде 400 хеликоптери за помош во војната во Авганистан.

XS
SM
MD
LG