Достапни линкови

Обама ќе присуствува на Самитот за клима во Данска


Западните медиуми повикувајки се на неименуван извор од Белата Куќа соопштија дека американскиот претседател Барак Обама ќе присуствува на Самитот за климатски промени во Копенхаген. Медиумите соопштиле дека Обама ќе пристигне на Самитото на 8 декември,а претходно во Осло ќе си ја подигне Нобеловата награда. Повеќе од 65 лидери на држави или премиери го потврдија своето учество на Самитот на кој треба да се постигне нов договор за справување со глобалното затоплување. Обама изјавил дека на Состанокот треба да се постигне договор со кој веднаш ќе се дејствува, а не само политичкаа декларација. Се очекува Белата Куќа да даде и официјално соопштение и повеќе детали за настапот на Америка на Самитот во Данска.


XS
SM
MD
LG