Достапни линкови

Границата меѓу Узбекистан и Казахстан затворена заради свински грип


Границата меѓу Узбекистан и Казахстан е затворена како мерка за заштита од свинскиот грип, изјавиле денеска властите на Узбекистан. Во понеделникот Узбекситан ја затвори границата со Казахстан без да даде никакво објаснување. Светската здравствена организација минатиот петок издаде соопштени во кое се наведува дека во Узбекистан, Казакстан и во делови од Авганистан се регистрирани многу случаи на заболени од свински грип. Од Узбекистан изјавиле дека кај нив досега нема регистриран сличај на починат од вирусот Х1Н1, а во Казахстан досега починале 17 луѓе
XS
SM
MD
LG