Достапни линкови

Доволни ли се петочните преговори за добивање датум?


Од неодамнешната средба во Брисел меѓу Груевски и Папандреу

Од неодамнешната средба во Брисел меѓу Груевски и Папандреу

Опозицијата се сомнева дека ЕУ ќе препорача датум за преговори за Македонија, само со покажаната волја за преговори со Грција. Власта пак се надева на позитивна оценка од ЕУ.

Опозицијата се сомнева дека Македонија може да добие датум за преговори, за полноправно членство во ЕУ на 7 декември само со покажана воља за компромис, но без цврсти гаранции дека решението ќе биде прифатено во наредните неколку месеци. Партиите од власта пак, се надеваат дека ЕУ може да и прогледа низ прсти на земјава и да ги прифати сигналите дека има воља за компромис. Потпретседателот на опозицискиот СДСМ Андреј Петров, вели дека за Македонија да добие датум за преговори најбитно е суштински, а не декларативно да се влезе во преговорите:
До сега волја за директни и за суштински преговори не постоеше, се надевам бидејќи целата власт и целокупната одговорност е во рацете на власта и на премиерот Груевски, дека тие се свесни за историската шанса и историската одговорност која ја имаат


,,До сега волја за директни и за суштински преговори не постоеше, се надевам бидејќи целата власт и целокупната одговорност е во рацете на власта и на премиерот Груевски, дека тие се свесни за историската шанса и историската одговорност која ја имаат."

Пратеникот Џевад Адеми од владеачката ДУИ вели пак дека условите што ЕУ и ги постави на Македонија се јасни:

,,За да добиеме датум за почеток на преговори за полноправно членство треба да го решиме спорот со нашиот јужен сосед."

Тој сепак се надева дека Македонија може да добие датум ако покаже сигнали дека сериозно влегува во преговорите.

,,Кој ќе бидат модалитетите, кои поволности ќе ги даде Брисел, во овој момент никој неможе тоа да го предвиди. Меѓутоа ние како држава ќе треба дефинитивно да дадеме сигнал дека овој проблем сериозно во наредните три-четири месеци ќе го решиме."
За да добиеме датум за почеток на преговори за полноправно членство треба да го решиме спорот со нашиот јужен сосед


Портпаролот на Нова Демократија Аријанит Хоџа, вели дека Македонија мора да покаже конструктивност на петочната средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер:

,,Верувам дека сигналите ако бидат многу позитивни, секако дека ЕУ би ги ценела многу позитивно во насока на тоа да даде ,,зелено" светло за започнување на преговорите со ЕУ."

Пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП се сомнева дека Македонија може да добие датум за преговори без решение за спорот. Во овој момент притисокот од меѓународната заедница е насочен кон Македонија, вели тој:

,,Тоа е така затоа што Македонија е оценета од Вашингтон и од Брисел како страна што не преговара."

Дел од домашните медиуми повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел објавија дека на 7 декември нема да има одлука за почеток на преговори и дека таква одлука треба да биде донесена во наредните месеци.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG