Достапни линкови

МААЕ ќе организира состанок за Иран


Меѓународната агенција за атомска енергија ќе организиара дводневен состанок посветен на иранските нукларни амбиции. Состанокот треба да започне на 26 ноември. Иран досега испраќаше контрадикторни сигнали за одговорот на нацт планот на ОН за збогатување на ирански уранум во странство. Од меѓународната агенција велат дека претставници од Велика Британија, Кина, Франција, Русија , Соединетите Држави и Германија на дводневниот сосотанок ќе изготват резолуција за излез од ќорсокакот . Шефот на агенцијата, Мохамед Ел Барадеј минатата недела изјави дека тој од Техеран не добил финален одговор.
XS
SM
MD
LG