Достапни линкови

Авганистан ќе им ги зголеми платите на полицајците


Авганистанскиот министер за внатрешни работи изјавил денеска дека ќе им ги зголеми платите на полицајците од 33 до 67 проценти, за да се подобри безбедноста во земјата. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во неговиот инагуративен говор рече дека полицијата во наредните пет години ќе биде спремна да ја презеде одговорноста за безбедноста во земјата. Но полицајците сакаат поголема плата и подобра обука. Реформите во полицијата доаѓаат по критиките за корупција , будејќи полицијата и судството се едни од најкорумпираните институции во Авганистан.
XS
SM
MD
LG