Достапни линкови

Џенерал Моторс ќе отпушти 9.500 работници во Европа


Американскиот автомобилски гигант Џенералс Моторс ќе отпушти 9.500 работници вработени во Опел, нивниот погон во Европа. Ова го соопштил новиот шеф задолжен за европскиот пазар, Ник Рили. Во Германија каде е лоцирана најголемата фабрика на Опел, ќе бидат отпуштени 5.300 работници. Шефот на Опел изјавил дека планираат да отпуштат работници за да може фирмата да излезе од криза. Работниците во Британија и во Белгија стравуваат дека фабриките на Џенералс Моторс во нивните земји ќе се затворат.
XS
SM
MD
LG