Достапни линкови

Војводина, прикриена држава?


Парламент на Србија

Парламент на Србија

Во Собранието на Србија се расправа за законот за утврдувње на надлежностите на Војводина и за потврдување на Статутот на покраината. И додека за владата тоа претставува спроведување на централизацијата, за поголем дел од опозицијата станува збор за создавање, како што беше речено, на прикриена држава.

Образложувајќи го Законот српскиот премиер Мирко Цветковиќ изјави дека нема причина за страхување од отцепување на Војводина од Србија:

,,Со предлог законот надлежностите на Војводина се усогласуваат со новите уставни решенија и доследно се спроведува процесот на децентрализација на Србија како и концептот на покраина без елементи на државност.,,

Меѓутоа, премиерот не е доволно убедлив за опозицијата. Клучен нејзин аргумент е дека предложените акти се неуставни и оти Војводина добива елементи на државност.

,,Што тоа ќе важи на територијата на Војводина бидејќи ако Статутот вели дека таа има влада, навистина ме интересира како тоа подоцна ќе се нарече.,,

Изјави шефот на пратеничката група Напред Србија Томислав Николиќ, наведувајќи го терминот прикриена држава. На ист став е и Српската радикална партија чиј пратеник Гордана Поп Лазиќ во Собранието изјави:

,,Не ја сакам оваа зграда на парламентот, бидејќи во неа само исчезнуваа држави. Дали некогаш ќе ја зачуваме државата и дали некој
Во расправата пред Одборот за уставни прашања беа барани некои нови словенци, нови хрвати, нови црногорци, нови македонци, нови босанци. Во ова собрание во кое пропаднаа пет држави се говори со јазикот што го одбележа тоа пропаѓање...
работи на тоа?,,

Токму поради ваквите наводи шефот на Либерално демократската партија Чедомир Јовановиќ ја критикуваше владата дека предлага решенија кои се само компромис на владејачкото мнозинство.

,,Во расправата пред Одборот за уставни прашања беа барани некои нови словенци, нови хрвати, нови црногорци, нови македонци, нови босанци. Во ова собрание во кое пропаднаа пет држави се говори со јазикот што го одбележа тоа пропаѓање.,,

Затоа, според Јовановиќ, Србија нема да стигне никаде, бидејќи власта е неспособна да ги увери граѓаните колку Србија е бесмислена кога во исто време, како што рече, се брани од Војводина, а Војводина се брани од Србија. Со предлог законот се прошируваат надлежностите на Војводина, но со амандманите Нови Сад не е дифиниран како нејзин главен град, туку како административен центар на покраината. Исто така се прецизира дека територијата на Војводина не може да се менува без согласност на нејзините граѓани изразена на реферндум. Предвидени се и можностите за потпишување меѓурегионални спогодби, за отварање претставништва во Европа и за формирање Војводинска академија на науките и уметностите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG