Достапни линкови

40 години затвор за функционер на Црвените кмери?


Обвинителството во судот на Обединетите нации за воени злосторства во Камбоџа побараа 40 години затвор за поранешниот командант на озлогласениот затвор на Црвените кмери, познат под прекарот другар Дач. Во овој затвор, според наводите, во седумдесетите години од минатиот век биле мачени и егзекутирани над 17 илјади луѓе. 67 годишниот Дач е првата од петте водечки функционери на комунистичкиот режим на Црвените кмери која се појавува пред судот за воени злосторства.
XS
SM
MD
LG