Достапни линкови

logo-print

Прогноза за времето- сончево со мала облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови по котлините и речните долини има магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура се движи од минус три до два, а дневната ќе биде од 12 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со магла во утринските часови. Утринската температура се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
XS
SM
MD
LG