Достапни линкови

Македонските земјоделски производи меѓу најздравите


Зеленчук
Зеленчук

Неодамна во Охрид се одржа форум за заштита на растенијата.

Заштитата на растенијата е неминовна агротехничка мерка и еден од најважните работни процеси од кој зависи квантитетот и квалитетот на сите земјоделски култури, економичноста и рентабилноста на земјоделското производство во целина. Предупредуваат стручњаците кои ја подвлекуваат неопходноста од усогласување на националната листа активни материи што се користат како средства за хемиска заштита на растенијата, кои мора да се безбедни за животната средина, да се нетоксични за луѓето, со правилна примена што не остава ризици поголеми од дозволените граници. Според Бранко Балтоски, доктор по агрономски науки кој одгледува градинарски и други култури, годинава кај нас имало доста временски непогоди за растенијата што создале одлични услови за развој на патогените болести и штети особено кај градинарските култури, виновата лоза и овошните насади, што ја наметнува потребата од примена на мерки на заштита во точно одредени термини и дози за да се постигнат максимални ефекти.
Истите препарати за дезинфекција се користат и во органското земјоделско производство на градинарските култури за уништување на многу паразити, што од научна и практична страна е доста ефикасно и нема штетни влијанија на животната средина, културите и земјиштето,а се добиваат доста добри приноси

,,Поентата е заштитата да се извршува навреме со цел да не одиме на лечење, туку на спречување на појавата на болестите кај растенијата. Бидејќи секое лечење или оневозможува подоцна да се отстранат последиците или тоа ќе не чини многу повеќе отколку доколку вршиме превентивни третирања."

Вели Балтоски кој подвлекува дека во Македонија се помалку се користат пестицидите за заштита на растенијата, наспроти практиката во која секој денар во технологијата на заштита се враќа четири пати. За ефикасна заштита на растенијата потребно е да се располага со добар и ефикасен национален интегриран фитосанитарен систем со усогласени административни, инспекциски, и научно лабораториски функции, од што зависи и меѓународниот кредибилитет на заемјоделското производство во целина.

,,Основна разлика од досегашниот систем е усвојувањето на Европската листа на активни материи кои се пуштаат во животната средина, каде многу значајни се еко-токсиколошките испитувања и безбедноста на овие производи за животната средина и за безбедноста на храната. Фитосанитарниот систем е еден од столбовите на безбедност на храната што го контролира примарното земјоделско стопанство."

Вели професор Станислава Лазаревска од академското Здружение за заштита на растенијата што со Министерството за земјоделство во Охрид го организираше 34-тото советување за заштита на растенијата со експерти и учесници од земјава и гости од странски научноистражувачките центри.

,,Јас го испитував влијанието на триходермата во заштита на гравот, во спречување на болестите кај оваа култура што се покажа како доста успешно. Истите препарати за дезинфекција се користат и во органското земјоделско производство на градинарските култури за уништување на многу паразити, што од научна и практична страна е доста ефикасно и нема штетни влијанија на животната средина, културите и земјиштето,а се добиваат доста добри приноси."

Вели Бојана Лукиќ, стручњак од Нови Сад, Војводина. На форумот каде беа разгледани годинашните измени и дополнувања на нашите закони за здравјето на растенијата, за производите за заштита на растенијата и за ѓубривата во согласност со пропишаните Европски стандарди, учесниците констатираа дека земјоделското производство во Македонија е едно од најздравите и најбезбедни во Европа со далеку помала употреба на прскања и хемикалии за заштита на растенијата во споредба со другите земји.
XS
SM
MD
LG