Достапни линкови

Рикер - Можност за решение за името?


Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер
Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер

Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер оценува дека средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу, е можност за напредок и решение за спорот со името.

Средбата на премиерите на Грција и Македонија е можност за напредок и решение на спорот со името, смета американскиот амабсадор Филип Рикер. Тој го поздравува состанокот на премиерите и верува дека решение е можно.Рикер посочува дека преговорите се водат во рамките на ОН и дека дирекните средби можат да бидат подршка на тие преговори.

,,Соединетите Држави сакаат да се реши прашањето на името. Ги охрабруваме двете земји и Грција и Македонија, конечно да најдат
Ги охрабруваме двете земји и Грција и Македонија, конечно да најдат решение за ова прашање со што конечно ќе се овозможи не само придвижување на македонските евроатлантски интеграции што е многу важно за сигурноста, просперитетот и подобрата иднина на нејзините граѓани, туку ќе и овозможи на земјата да оди напред и во многу други области
решение за ова прашање со што конечно ќе се овозможи не само придвижување на македонските евроатлантски интеграции што е многу важно за сигурноста, просперитетот и подобрата иднина на нејзините граѓани, туку ќе и овозможи на земјата да оди напред и во многу други области."

Рикер се сретна со министерот за економија Фатмир Бесими. Причина за нивната средба, како што велат во Министертсвото е неодамнешното патување на министерот Бесими во Вашингтон каде што ја презентирал економската клима во Македонија и енергетската стратегија. На раковотсвото на Џенерал електрикс, Бесими им ја објаснил идеата на Владата за анализа на можноста за нуклеарна централа.

,,Јас ги информирав нив, тие во моментот изразија заинтересираност за тоа што ние го правиме и доколку во наредините фази како што одиме низ процесот се покаже потреба, може да имаме некоја комуникација, но некоја формална соработка со нив ќе дојде тогаш кога ќе има конечна одлука од страна на Владата."

Рикер напомена дека за придобивање на американски инвеститори неопходно е да се подобри економската клима.

,,Инвеститорите сакаат да знаат дека не само што има стабилност и Македонија се движи во насока на евроатлантските интеграции, туку мора да бидат сигурни во судскиот систем, треба да бидат сигурни во транспарентноста, треба да знаат дека нивниот бизнис ќе биде сигурен. Затоа преку нашите програми за поддршка со Министерството за економија и другите министерства, работиме да го обезбедиме овој развој."

Рикер вели дека ако Грција и Македонија најдат заедничко решение за проблемот со името, целиот регион ќе може да тргне напред во подобра, просперитетна и побезбедна иднина.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG