Достапни линкови

Ахмадинеџад во посета на Ево Моралес


Иранскиот претседателот Махмуд Ахмадинеџад денеска ја посетил Боливија во рамките на неговата посета на Латинска Америка и на левичарските земји кои му даваат подршка на Иран. Ахмадинеџад бил пречекан со воени почести од страна на неговиот домаќин Ево Моралес. Иранскиот претседател го започна своето патување во понеделникот во Бразил, каде што неговиот домаќин, претседателот Луиз Игнацио Лула да Силва ја повтори поддршката за иранската програма за нуклеарна енергија. Сепак да Силва го повика Ахмадинеџад да ги продолжи разговорите со западните сили. Подоцна денеска , Ахмадинеџад ќе отпатува во Венецуела
XS
SM
MD
LG