Достапни линкови

logo-print

Иванов:затворено прашањето за границата со Косово


По однос на Косово , Македонија и Србија имаат различни ставови, но Македонија го затвори прашањето за границата со Косово, изјавил денеска претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој изјавил дека демаркацијата е направена врз основа на спогодбата што претходно ја потпишале претседателите Воислав Коштуница и Борис Трајковски. Изјавата на Иванов следува по онаа на српскиот претседател Борис Тадиќ кој изјави дека не ја признава демаркацијата меѓу Скопје и Приштина и оти од Иванов добил уверување дека документот потпишан меѓу Србија и Македонија за границата во 2001 останува на сила.
XS
SM
MD
LG