Достапни линкови

Претседателски судски процес во Полска


Во Варшава денеска започнал судски процес во кој учествуваат двајца полски претседатели, поранешниот Лех Валенса и сегашниот Лех Качински, но ниеден од нив не се појавил на судењето. Валенса го тужи Качински бидејќи тој во едно ТВ интервју го нарекол Валенса агент на тоталитарната служба за безбедност . Валенса бара извинување од сегашниот полски претседател и парично да го обештети со 24 илјади евра.

XS
SM
MD
LG