Достапни линкови

Берлускони ќе ја посети Белорусија


Италијанскиот амбасадот во Белорусија изјавил дека италијанскиот премиер Силвио Берлускони ќе ја посети Белорусија во понеделник. Берлускони ќе биде првиот лидер на западните земји кој ја посетува земјата, во последната деценија. Односите меѓу западните земји и Белорусија беа заладени откако во 1994-та на власт дојде претседателот Александар Лукашченко. Тогаш западните сили почнаа да го критикуваат непочитувањето на човековите права и демократијата во земјата. Но Лукашчено претходно оваа година беше во посета на Италија и изјави дека сака да ги обнови врските со Западот.



XS
SM
MD
LG