Достапни линкови

Џенерал Моторс го враќа долгот кон Германија


Канцеларката Ангела Меркел изјавила денеска дека автомобилскиот гигант Џенералс Моторс вратил 2, 2 милијарди долари од заемото кој претходно го зеде од Германија , за да може да работи Опел, нивниот погон во Европа. Германија се согласи да и позајми пари на Џенералс Моторс , откaко фирмата се согласи да го продаде мнозинскиот удел во Опел. Но потоа се предомисли и најави дека ќе го задржи погонот , но ќе ги намали работните места за 10 илјади. Германската канцеларка денеска ја бранела одлуката да му се позајмат пари на ЏМ, велејќи дека тоа тогаш изгледало како права одлука.
XS
SM
MD
LG