Достапни линкови

Балканот извозник на организиран криминал


Скопје
Скопје

Балканот е потенцијален извозник на организиран криминал во Европската унија, се констатира во извештајот на Конгресот на САД. Балканските држави станаа една од главните зони за влез на криминални структури во Унијата, се наведува во извештајот.

Балканот е потенцијален извозник на организиран криминал во Европската унија, се констатира во извештајот на Конгресот на САД. Балканските држави станаа една од главните зони за влез на криминални структури во унијата, се наведува во извештајот. Во Бугарија најчесто се фалсификува капиталот додека на албанското поднебје се зачестува трговијата со луѓе, констатираат упатените. Според професорот Владимир Пивоваров посебен проблем кај нас е шверцот со цигари.
Не ретко се случува во нашето поднебје да се јават групации кои работат на фалсификувано производство на цигари кои што ги пласираат и во Европа, впрочем тоа и се случи кај нас


Цигари
,,Не ретко се случува во нашето поднебје да се јават групации кои работат на фалсификувано производство на цигари кои што ги пласираат и во Европа, впрочем тоа и се случи кај нас."

Европската унија е загрижена од насилната еволуција на организираниот криминал на Балканот, додава пивоваров

,,Значи многу, многу видови на криминал виреат на овие простори кои пренесуваат и таму опстојуваат криминални групации. Она што ја загрижува Европа е се поголемиот насилен елемент во овие организирани криминални организации."

Професорот Стефан Буџаковски вели дека балканот е раскрсница за разни форми на организиран криминал:

,,Балканот преставува раскрсница на сите криминални активности кои што се насочени од исток кон запад и од југ кон запад. Тоа значи дека Македонија спаѓа во тие земји каде што транзитираат одредени краци на организираниот криминал, како што се трговијата со
Она што ја загрижува Европа е се поголемиот насилен елемент во овие организирани криминални организации
дрога, трговијата со луѓе, а тука можеме да го ставиме и она што значи недозволена трговија, пуштање во промет на цигари и најразличен друг тип."

Буџаковски додава дека визната либерализација и самото приближување кон Европската Унија ќе придонесе кон подобра борба со организираниот криминал:

,,Бидејќи ние како држава и да сакаме да се справиме со овие форми на криминалитет, неможеме бидејќи за да се справиш со некој кој што е многу јак и финансиски и организациски ќе треба и ти да се спремен и финансиски и организациски и она што значи подготовка на сите општествени субјекти кои што се вклучени во борбата против овој вид криминалитет."

Инаку во извештајот на американскиот конгрес се наведува дека организираниот криминал потенцијално до 2015 година може да предизвика нови проблеми во регионот.
XS
SM
MD
LG