Достапни линкови

logo-print

Односите меѓу Србија и Македонија нема да се нарушат?


Српскиот претседател Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Дел од српската меѓународна политика, вака стручната јавност ја оценува изјавата на српскиот претседател Тадиќ, дека Србија нема да ги нарушува односите со Македонија, но оти никогаш нема да го признае договорот за демаркација на границата со Косово.

Односите помеѓу Србија и Македонија нема да се нарушат, велат дел од експертите по изјавата на српскиот претседател Борис Тадиќ, дека неговата земја никогаш нема да го признае договорот за демаркација на границата помеѓу Македонија и Косово. Тадиќ му укажал на претседателот Иванов при нивната неодамнешна средба дека Србија по никоја цена нема да го прифати договорот, затоа што тој е поврзан со зачувување на интегритетот на неговата земја. Високи дипломатски извори велат дека Србија намерно го држела отворено ова прашање, иако досега била во можност да го реши. Ние сме договорени дека тие имаат еден став, ние друг велат тие. Изјавата на Тадиќ не е нешто невообичаено, таа е во склоп со нивната надворешна политика и нивното непризнавање на Косово, вели
Можно е да има некакви мали провокации, во однос на онаа изјава на Јеремиќ за сојузништвото со Грција и признавањето на Скопје, меѓутоа генерално ниту тој ќе го промени курсот за Македонија, ниту Македонија кон Србија
политикологот Жидас Даскаловски.

,,Можно е да има некакви мали провокации, во однос на онаа изјава на Јеремиќ за сојузништвото со Грција и признавањето на Скопје, меѓутоа генерално ниту тој ќе го промени курсот за Македонија, ниту Македонија кон Србија, така што тие односи ќе се развиваат економски, дипломатски, во рамките на ограничувањата дека ние сепак сме го признале Косово, меѓутоа нема да имаме некој драматични проблеми во однос на Грција."

Оваа изјава е во континуитет на една деструктивна политика, која подолго време ја води Србија и од која ни Тадиќ не отстапува. Тој не успеа да го надмине јазот во сфаќањето и третирањето на проблемите во регионот, вели политикологот Ризван Сулејмани.

,,Не мислам дека во суштина ќе промени нешто во односите меѓу Македонија и Србија, само со тоа што Србија јасно става до знаење дека таа и понатаму останала во некои соништа за некои големи Србии, за кои што мислам дека треба да сватат дека работите се променети."

Србија поведе и спор на Меѓународниот суд за правда во врска со легалноста на одлуката на Косово да прогласи независност. Тадиќ
Не мислам дека во суштина ќе промени нешто во односите меѓу Македонија и Србија
изјави и дека за Македонија е важно како тој ќе се изјасни. Ако судот одлучи да го осуди едностраното прогласување на Косово, тешко дека некоја земја ќе ја повлече својата одлука за негово признавање, вели Даскаловски.

,,Дури и да постои некаква јасна пресуда која што ќе го осуди едностраното прогласување на независност ќе биде прашање, колку од земјите што веќе го признале Косово, ќе се дрзнат да на некој начин ја сменат одлуката. Јас се сомневам дека некоја од земјите ќе го направи тоа, па дури и Македонија."

Одлуката на судот се очекува во наредните месеци.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG