Достапни линкови

Напредок, но не и решение на спорот за името


Од неодамнешната средба во Брисел меѓу Груевски и Папандреу
Од неодамнешната средба во Брисел меѓу Груевски и Папандреу

Ова се очекувањата на експертите од средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Груевски и Папандреу. Би било добро доколку се договори Грција да не го блокира добивањето на датум за преговори, а спорот да се решава во наредните месеци, велат експертите.

Шансите, спорот за името со Грција да се реши на петочната средба меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, се многу мали, сметаат домашните аналитичари. Тие велат дека во овој момент најдобрата опција за Македонија е, на средбата, да се постигне одреден напредок, за Грција да не го блокира добивањето датум за преговори, а спорот да се решава во наредните месеци. Аналитичарот Никола Сталевски вели дека вели дека е јасно дека спорот за името нема да се реши на таа средба. Тој
Може да очекуваме некаков рамковен, не договор, туку рамка за понатамошна дискусија, значи да се изрази отвореност, дека тоа ќе се реши заеднички. Доколку тоа се случи, тоа е најголем успех што може да се постигне и ќе ни овозможи да добиеме датум
посочува дека Грција има можност за вето низ целиот процес на преговори за членство во Унијата. Сега би било иделано ако дојде до некој прелиминарен договор, за Грција да не ја блокира Македонија, вели тој.

,,Може да очекуваме некаков рамковен, не договор, туку рамка за понатамошна дискусија, значи да се изрази отвореност, дека тоа ќе се реши заеднички. Доколку тоа се случи, тоа е најголем успех што може да се постигне и ќе ни овозможи да добиеме датум."

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека не може да се очекуваат спектакуларни резултати од таа средба. Она што може да се очекува е „спуштање на топката“ и напуштање на острата реторика, посочува тој.

,,Најдобро би било во нивните заеднички изјави да се даде некоја надеж за решавање на спорот во блиска иднина, што би ни дало некакви позитивни импути во одговорот што ќе го добиеме од Советот на министри на 7 декември. Значи некакви спектакуларни промени во курсот јас не би очекувал, во секој случај после затегнатата реторика што се користеше последните недели јас мислам дека би било добар потег да добиеме било каков позитивен тон на состанокот."

Сталевски се согласува дека на средбата нема да се случи ништо спектакуларно. Евентуалниот напредок постигнат на таа средба може да се препознае од дипломатскиот речник на политичарите, објаснува тој.
Најдобро би било во нивните заеднички изјави да се даде некоја надеж за решавање на спорот во блиска иднина


,,Значи дококу слушнеме нешто како ,,нашите грчки пријатели" или слична формулација, знаеме дека се движиме кон добро."

Македонските владини претставници за дел од домашните медиуми брифирале дека има опција, ЕУ да ја повика Македонија административно-технички да се подготви за преговори, без да се определи датумот за нивниот старт. Со оваа опција, ако во меѓувреме се реши спорот, Македонија може да ги почне преговорите во март или во април, заедно со Исланд.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG